Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Грен слемот Австралија опен, откако денес го победи Роџер Федерер (Швајцарија) со максимални 3-0 во сетови.
Најнеизвесно беше во првиот сет кој заврши со 7:6 на тај-брејк, а во следните два беше 6:4 и 6:3.
Ова беше јубилеен 50. меѓусебен дуел на тениските великани, по кои билансот е 27:23 во победи за Сринот.
Воедно ова е четврта победа во четвртото меѓусебно полуфинале на АО што го играле Ѓоковиќ и Федерер. Претходно, Новак истоа така победи во 2008, 2011 и 2016 година.
Во второто полуфинале на турнирот во Мелбурн утре се среќаваат Александер Зверев (Германија) и Доминик Тим (Австрија).