Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ патува во осминафиналето на Грен Слем турнирот во САД, откако во возбудлив натпревар со пресврт славеше над Кеи Нишикори со 3-1 во сетови (6-7, 6-3, 6-3, 6-2).
Јапонскиот „самурај“ му зададе многу проблеми на прворангираниот светски тенисер, затоа што го освои првиот сет по тај-брејк. Но, по тој успех на 31-годишниот Нишикори, мечот беше во знакот на Ноле. Дуелот го одблежа и препознатливата прослава на Ѓоковиќ со извикот „идемо“, пред неговата сопруга Јелена и децата.
Препознатливата прослава на Ѓоковиќ по освоениот трет сет:
Српскиот ас со оваа победа ја скокна досега најсериозната пречка на УС Опен. Според проекциите, ако се остварат резултатите, новиот сериозен предизвик ќе биде во полуфиналето против четвртиот носител Александар Зверев.
Најинтерсните моменти од мечот:
Во осминафиналната фаза Ѓоковиќ ќе се соочи со подбриот од натпреварот меѓу Аслан Карацев и Џенсон Бруксбај.