Асоцијацијата на професионални тенисери, мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во полуфиналето на Мастерсот во Париз го прогласи за најдобар во 2018 година.
На тој дуел, одигран на 3 ноември победи Ѓоковиќ со 2-1, по сетови 7:6, 5:7 и 7:6.
Федерер беше учесник и на мечот кој го зазеде второто место во изборот на АТП. Тоа е дуелот со Хуан Мартин Дел Потро во финалето на Мастерсот во Индијан Велс.