Ник Кирјиос ќе игра во првото Грен слем финале и за првата титула и ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ на овогодишното издание на Вимблдон.
Австралиецот имаше среќа и во полуфиналето се протна благодарение на повредата на големиот фаворит Рафаел Надал. Неговиот најголем успех во кариерата е веќе остварен, но сега следува судир со шесткратниот победник на турнирот во Лондон, кој оваа година исто така е прв фаворит за највисок пласман и бранител на тронот од ланската сезона.
Меѓусебните дуели му даваат предност на помладиот од двата финалисти. Кирјиос запиша победа на двата меча против српскиот ас и тоа без загубен сет.
Финалната пресметка ќе се одигра денес во 15:00 часот и ќе значи крај на уште еден Вимблдон.