четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ ја започна 335. недела на чело на АТП ранг листата

Ѓоковиќ ја започна 335. недела на чело на АТП ранг листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 335. недела на првото место на АТП ранг листата. Ѓоковиќ има 11.113 поени и математички е сигурен на првото место до 11 октомври, што значи дека титулата „најдобар тенисер на светот“сигурно ќе ја носи 341 недела.

На второто место се наоѓа Русинот Данил Медведев со 9.980 бодови, дека трет е Стефанос Циципас со 8.350.

На четвртото место се проби победникот на Мастерсот во Синсинати, Александер Зверев кој сега има 8.240 бодови, додека Рафаел Надал падна на петтото место со 7.815 бодови.
Други промени во топ 10 немаше други промени па така Доминик Тим остана на шестото место, Андреј Рубљов е седми, Матео Беретини е осми, Рожер Федерер е деветти, додека Денис Шаповалов е на десеттото место.

Кај дамите, Ешли Барти остана на првото место на ВТА ранг листата додека Арина Сабаленка ја помина Наоми Осака и сега се наоѓа на второто место. На листата на десет најдобри тенисерки се наоѓаат уште и Каролина Плишкоца, Софија Кенин, Елина Свитолина, Бјанка Андреску, Ига Швјонтек, Барбора Крејчикова и Гарбине Мугуруза.