сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ најави настап во Монте Карло

Ѓоковиќ најави настап во Монте Карло

Носителот на 20. грен – слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ, идниот месец ќе ги почне подготовките за одбрана на трофејот на Ролан Гарос со настап на тенискиот АТП Мастер турнир во Монте Карло.

На Ѓоковиќ во јануари му беше забранет настап на Австралија Опен, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, а од истата причина нема да настапи ниту на американските Мастерс турнири во Индијан Велс и Мајами.

– Сезоната 2022 на земјени терени Новак ќе ја отвори во Монте Карло, каде два пати ја освојуваше титулата во 2013 и 2015, се наведува во објавата на официјалната веб страна на Ѓоковиќ.

Монте Карло, каде Ѓоковиќ живее со семејството, дозволува меѓународни патници со доказ за прележан коронавирус во последните шест месеци. Српскиот тенисер претходно објави дека во ноември лани по втор пат бил заразен со Ковид-19.