петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ откри се’ за Ватсап групата со Надал и Федерер

Ѓоковиќ откри се’ за Ватсап групата со Надал и Федерер

Лејвер купот е единственото натпреварување во тенискиот свет каде играчите даваат опуштени изјави, а големите тениски ѕвезди се само соиграчи на турнирот.

Новак Ѓоковиќ е повторно во Лондон, на ова натпреварување кое овој пат ќе биде посебно бидејќи Рожер Федерер токму тука ќе ја заврши својата професионална кариера.

Главна тема на сите интервјуа е токму тој. Ѓоковиќ за Еуроспорт говорел за настапот на Лејвер купот, но открил и некои интересни детали. Како тој дека има Ватсап група со Федерер и Надал.

-Одлично е што имаме шанса да поминеме некое квалитетно време заедно надвор од теренот. Имавме тимски вечери, зборувавме за тенис, спорт, животот…Ова вообичаено го немаме, па е прилично единствено. Сите сакаме да победиме и добро да се покажеме во исто време и поради простувањето со Рожер и поради можноста да бидат со некои од моите најголеми ривали во кариерата. Тоа ви дава желба да делите убави моменти и надвор од теренот исто така. Ватсап групата не’ држи заедно, изјавува Ѓоковиќ.