Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ со 6-3 и 6-4 го совлада хрватот Борна Чориќ и по четврти пат го освои мастерс турнирот во Шангај.
За Ѓоковиќ ова е вкупно 32-та титула во кариерата на турнирот од мастерс серијата и вкупно четврта во Шангај, каде претходно славеше во 2012, 2013 и 2015 година.
Ѓоковиќ од утре ќе се искачи на второто место на АТП ранг-листата и ќе го мине Роџер Федерер. На првото место останува Рафаел Надал, кој има само 32 АТП-поени повеќе од Србинот.