Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако успеа да го совлада Хрватот Борна Чориќ со 2:0 во сетови (7:6;7:5).
Поранешниот светски рекет број еден ја запиша втората победа во низа, првпат од јануари и елиминацијата во осминафиналето на Австралијан опен.
Во натпреварот, кој траеше речиси два и пол часа, Ѓоковиќ во првиот сет победи во тај-брејк, додека во вториот му беа потребни дури десет меч топки за да го добие сетот.
Во осминафиналето српскиот тенисер ќе игра против Доминик Тим од Австрија.
МИА