Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се откажа од настапот на Мастерсот во Монтреал откако Канада потврди дека нема да му дозволи влез затоа што не е вакциниран против корона вирусот.
Тој беше пријавен за овој турнир, во надеж дека правилата ќе се променат, но такво нешто не се случи и тој е принуден да се откаже. Мастерсот почнува в понеделник и Ѓоковиќ нема да се најде во ждрепката, а со тоа му е скратена можноста да освои нови бодови имајќи предвид дека не играл во Канада од 2018 година.
Меѓутоа, најлошо од се е што од ден на ден се се помали шансите на Ѓоковиќ да настапи на УС Опен кој почнува на 29 август.