вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ против Нори во полуфиналето на Вимблдон

Ѓоковиќ против Нори во полуфиналето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му биде противник во полуфиналето на „Вимблдон“. Тоа е деветтиот носител, британскиот претставник Камерон Нори, кој исто така по голема борба го совлада искусниот Белгиец Давид Гофан со 3:2, по сетови 3:6, 7:5, 2:6, 6:3, 7:5 по три и пол часа.

Победата на британскиот тенисер значи само едно, во петок во полуфиналето Новак ќе се соочи со најсилниот притисок од трибините од почетокот на овој турнир, но тој веќе долго време е навикнат на тоа, не само на грен слем турнирот во Лондон.

Ова е најголемата победа во досегашната кариера на Камерон Нори на овој турнир, а впечаток е дека Гофан ќе има многу причини да се прашува како ги пропуштил големите можности кои ги имаше на овој меч.