На ред е тенискиот турнир на кој е домаќин во Белград. Српскиот ас најави дека ја посакува титулата, а ја посочи и главната цел за оваа пролет.
„Го користам времето за тренинзи, за да бидам подготвен за продолжението на сезоната. Се надевам ќе играм повеќе натпревари во Белград. Натпреварувањето на земја е специфично, мора многу тренинг. Сакам да го освојам трофејот тука, со поддршка од трибините и фановите кои ќе бидат ветер во грб. Мојата најголема цел овој период, сепак е освојувањето на титулат ана Ролан Гарос“, изјави Новак.