Србинот Новак Ѓоковиќ се искачи на третото место според бројот на поминати недели на прво место на АТП рангирањето, објавено е на веб-страницата на тениската организација.
Ѓоковиќ има поминато 271 седмица на лидерската позиција и го надмина легендарниот чешки тенисер Иван Лендл кој 270 недели бил на врвот на АТП ранг листата.
Подолго време од српскиот тенисер на врвот имаат само Американецот Пит Сампрас (286 недели) и Швајцарецот Роџер Федерер (310).