Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим, откако без многу мака со 2:0 во сетови го победи Стан Вавринка. Победата на беше остварена за еден час и 16 минути, а Ванринка успеа да освои само четири гејма и во двата сета беше 6:2, 6:2.
Интересно е дека Ноле ги имаше загубено последните два меча од Вавринка, но тоа беше во 2019 и 2016 година. Србинот на победа против овој ривал чекаше од ноември 2015 година, но некогашното големо ривалство сега е само бледа сенка затоа што Вавринка моментално е на 361 место на АТП листата.
Инаку ако се гледа историјата, во последните 10 меѓусебни дуели на овие два ривали, Новак има шест победи, а Стан се радувал четири пати.
Освен Ѓоковиќ, во четвртфиналето на Мастерсот во Рим место досега обезбедија и Зверев, Циципас, Синер, Гарин и Оже-Алијасим.