недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ со голем респект кон сестрите Вилијамс

Ѓоковиќ со голем респект кон сестрите Вилијамс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рече дека многу ги респектира сестрите Серена и Венус Вилијамс поради начинот на кој ги играат меѓусебните дуели.

Американките денес на УС Опен ќе имаат дуел во рамките на третото коло.

– Искрено не знам како го прават тоа. Многу ги почитувам. Јас имам двајца помали браќа, си замислувам како би било да играм против еден од нив, но навистина не знам. За среќа, нема да го доживеам тоа, бидејќи не знам дали би можел да играм толку жестоко против брат ми,. Но сестрите Вилијамс го прават тоа. Тие играа 30 пати меѓусебено, тоа е импресивно, тие се инспирација за сите нас, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД во третото коло ќе игра против Французинот Ричард Гаске.