сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ со победа против Циципас го почна турнирот во Торино

Ѓоковиќ со победа против Циципас го почна турнирот во Торино

Новак Ѓоковиќ со триумф од 2-0 против Стефанос Циципас стартуваше на завршниот АТП турнир во Торино.

Тој во два сета го победи Циципас, со 6-4 во првиот, во вториот сет се играше тај-брејк кој го доби Србинот со 7-6 (7-4).

Во првиот меч од оваа црвена група Рубљов со 2-1 (7-6, 3-6, 7-6) го победи Медведев.

Денеска се играат натпреварите од второто коло во зелената група, Надал против Оже-Алиасим и Руд против Фриц.