Новак Ѓоковиќ ја оствари и втората победа на завршниот АТП турнир во Торино и си обезбеди место во полуфиналето.
По триумфот над Стефанос Циципас, српскиот тенисер денеска беше уште поубедлив во дуелот со Андреј Рубљов, кој го затвори за 69 минути.
Ѓоковиќ доби поголем отпор во првиот сет кој го доби со 6:4, за во вториот да го откаже противникот со многу убедливи 6:1 за конечна победа без загубен сет.
Во истата рунда, вечерва ќе се сретнат Циципас и Данил Медведев.