Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на АТП турнирот во Астана, Казахстан. Со тоа, Србинот се закити со одличје и на турнир од серијата 500.
По овој трофеј, Ѓоковиќ успеа да повтори еден успех кој не е виден на тениските терени од 2010 година. Српскиот тенисер оваа година креваше трофеи во сите натпреварувачки серии, односно во Тел Авив (250), Астана (500), Рим (1000), како и на Грен слем освојувајќи го Вимблдон.
Ваков подвиг претходно имаше Роџер Федерер во 2010 година, кога го освои и завршниот Мастерс. Шанса за тоа ќе има и Ѓоковиќ бидејќи се очекува негов настап во Торино во ноември.