вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ триумфално низ Рим

Ѓоковиќ триумфално низ Рим

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на овогодишеното издание на АТП Мастерсот во Рим. Во финалето српскиот тенисер беше подобар од  Стефанос Циципас со 2-0 во сетови со што дојде до шестата круна во италијанската престолнина, вкупно 38 Мастерс титула, но воедно и прв триумф во оваа 2022 година.

Ѓоковиќ одигра совршен прв сет во кој не му препушти ниту еден гејм на противникот (6-0), но во вториот приказната беше сосема поинаква и Гркот беше тој што диктираше, имаше предност и беше многу блиску до изедначување.
Имено Стефанос водеше со 4-1 и пропушти една топка за позитива од 5-1, меѓутоа токму од тука Новак почна да се крева и со квалитетна игра дојде до 6-6 и тај-брејк. Во истиот Србинот за нијанса беше подобар и со 7-5 дојде до потврда за победа која е воедно јасна порака дека во супер форма ќе го дочека Ролан Гарос.