вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ убедливо ја започна одбраната на титулата во Мелбурн

Ѓоковиќ убедливо ја започна одбраната на титулата во Мелбурн

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, успешно и без поголеми проблеми ја прескокна првата пречка на првиот Гренд слем турнир во годината, откако во првото коло славеше против Жереми Шарди со 3:0, по сетови 6:3, 6:1, 6:2.

На српскиот тенисер му беа потребни нешто повеќе од еден и пол час за да го елиминира Шарди. Ѓоковиќ против Французинот во 14 мечеви славел исто толку пати, притоа не препуштајќи му на својот ривал ниту еден единствен сет.

Така, на денот кога започна неговата 307. недела на тенискиот трон, Ѓоковиќ ја запиша премиерната победа на новото издание на Австралија Опен. Потерата по деветтата титула започна на совршен начин.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Американецот Франсис Тијафо.