Најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ за брзо време ќа ја дознеа одлуката на властите во Австралија за тоа дали ќе може да го продолжи патот и да ја брани титулата на турнирот во Мелбурн.
Ѓоковиќ заглави на аеродромот во Мелбурн затоа што наводно било поднесено барање за погрешна виза во чии рамки не се можни медицински ослободувања од вакцината против КОВИД-19.
На Србинот по повеќе од три часа му е вратен мобилниот телефон, а според „Спорт Клуб“ одлуката за тоа дали Ноле ќе остане да австралиско тло или пак ќе биде вратен дома ќе биде позната меѓу 22.30-23.00 по средноевропско време.
Како што е познато Ѓоковиќ долго време беше неизвесен за АО поради тоа што не се знаеше дали е вакциниран за да потоа добие „лекарски исклучок“, ама по пристигнувањето во Мелбурн се соочи со проблем со властите.