недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓорческа ја совлада Бошковиќ на турнирот во Подгорица

Ѓорческа ја совлада Бошковиќ на турнирот во Подгорица

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа стартуваше со победа на фјучрс турнирoт на земја во Подгорица, кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Во првото коло таа триумфираше над Леа Бошковиќ (Хрватска) со 7:6, 6:1, во меч кој траеше час и половина.

Во меч од второто коло, Лина ќе игра против првата носителка на турнирот Барбара Хас од Австрија, која е бр. 193 на ВТА листата. (МИА)