Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја освои титулата на ИТФ турнирот во чешкиот град Оломуц.
Ѓорческа во финалето загуби попладнево од домашната тенисерка Сара Бејлек со 2-0 во сетови.
Чешката тенисерка убедливо го доби првиот сет препуштајќи и на Ѓорческа два гема, додека македонската тенисерка го загуби вториот сет во тајбрејк.