Лина Ѓорческа имаше импресивен старт на ИТФ Фјучерс турнирот во Анталија, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка славеше над Турчинката Чагла Бујукакчај, прва носителка на турнирот и 177. на ВТА листата со 6:0, 6:2.
Доминацијата на Ѓорческа најдобро ја отсликуваат и дел од статистичките показатели. Максимално ги искористи брејк шансите (5 од 5) и освои 28 поени повеќе од домашната натпреварувачка.
Ѓорческа во второто коло во Анталија ќе игра против шпанската тенисерка, Андреа Гарсија – Лазаро. (МИА)