понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓорческа во полуфиналето на ИТФ турнирот во Оломуц

Ѓорческа во полуфиналето на ИТФ турнирот во Оломуц

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во Оломуц, Чешка.

Ѓорческа во четвртфиналето, откако во претходната рунда ја елиминира петтата носителка  Болсова, денеска беше подобра од американската тенисерка Ема Наваро совладувајќи ја во два сета.

Македонската тенисерка за 80 минути игра славеше со 6:4,6:2.Наредна противничка во полуфиналето на ИТФ турнирот во Оломуц ќе и биде Дарија Астакова од Русија.