Актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, Макс Ферстапен, постигна најбрзо време во квалификациите за утрешната трка за Големата награда на Јапонија и со тоа ги зголеми шансите уште овој викенд на патеката Сузуки да ја одбрани титулата што ќе му појде од рака ако победи утре со најбрз извозен круг.
Холнаѓнецот беше за 0.010 секунди побрза од Шарл Леклер и 0.057 секунди побрз од Карлос Саинц, обајцата од Ферари.
Расплетот на квалификациите сè уште не е дефиниран, бидејќи се води истрага поради инцидентот меѓу Ферстапен и Ландо Норис.
Изминатите две сезони ГН на Јапонија не беше во календарот на Формула 1 поради пандемијата на коронавирус, а организаторите на утрешната трка очекуваат близу 190.000 гледачи. (МИА)