Италијанската скијачка Софија Гоџа победи на спустот во Лејк Луиз, во рамки на Светскиот куп. Гоџа ја постигна втората победа за два дена со време од 1:28,96 минути и беше за 34 стотинки побрза од второпласираната Австријка Нина Ортлиб. Третото место го зазеде Корин Сутер од Швајцарија со време од 1:29,33 минути.
Благодарение на двојната победа во спустот во Лејк Луиз, Гоџа се искачи на четвртото место во генералниот пласман со 200 бодови.
Водечката во генералниот пласман Миакела Шифрин ги прескокна брзинските трки во Лејк Луиз со цел подобро да се подготви за велеслаломот во Сестриере следниот викенд.