понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ играше оро, го „отпушти“ Иванишевиќ и на крајот загуби од Кирјос (ВИДЕО)

Ѓоковиќ играше оро, го „отпушти“ Иванишевиќ и на крајот загуби од Кирјос (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос одиграа егзибициски меч во Мелбурн, шоу кое ќе се памети. Овој дуел беше како најава за гренслемот кој од 16 јануари ќе започне во Австралија. Во меч кој имаше чудни правила, Кирјос победи со 4:3, 2:4, 10:9. Еден сет се добиваше со четири освоени гејма, а тај-брејкот во третиот сет беше кој прв ќе дојде до 10 поени.

Навивачите на „Род Левер арената“ уживаа во потезите на двајцата тенисери, а Ѓоковиќ беше посебно расположен. Србинот во еден момент дури заигра и оро, потоа направи шоу со тоа што реши да го „избрка“ тренерот Горан Иванишевиќ и реши да бара совети од гледачите.

На мечот влегоа да играат и деца, кои уживаа со тениските ѕвезди, а Ѓоковиќ и Кирјос направија шоу за паметење.