четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ по 10-ти пат во финалето на Австралија опен

Ѓоковиќ по 10-ти пат во финалето на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ќоковиќ се пласираше во финалето на “Австралија опен“.

Ѓоковиќ одигра уште еден одличен меч и со 3:0 (7:5 6:1, 6:2) во сетови за два часа и 20 минути игра беше подобар од Американецот Томи Пол кој приреди големо изненадување со самиот пласман во полуфиналето.

Со оглед на тоа како Ѓоковиќ одигра против Де Минор и Рубљов , српскиот тенисер важеше за голем фаворит во денешниот меч и таа улога ја оправда. Се држеше Пол денес само во првиот сет кога освои пет гема, но тогаш Ѓоковиќ со брејк во 12-тиот гем го освои сетот.

Вториот сет донесе многу поубедлива игра на Ѓоковиќ, а единствениот гем Американецот го освои при водство на Новак од 5:0. Слична беш и ситуацијата во третиот каде што Ѓоковиќ му дозволи еден гем повеќе.

Во своето 10-то финале во недела Ѓоковиќ ќе игра против грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој претходно го победи Карен Хачанов.