вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Голема казна за тенисерот Уго Гастон

Голема казна за тенисерот Уго Гастон

Францускиот тенисер Уго Гастон доби драконска казна заради неспортско однесување на натпреварот против Борна Чориќ на мастерс турнирот во Мадрид.

Пред Чориќ да заврши поен со смеч, Французинот извади топче од џебот и го фрли, со надеж дека поенот ќе се повтори, а тоа е оценето како неспортски гест и за него тој доби пенал од 133.000 долари од страна на АТП.

Интересно, 22-годишникот нема заработено толку пари во целата сезона. Досега, Гастон инкасира 117,361 долари од „белиот спорт“ во актуелната сезона, додека во кариерата заработи 1,6 милиони долари.