Најдобро рангираната македонска тенисерка Лига Ѓорческа го мина првото коло од квалификациите за последниот овогодишен Гренд-слемт турнир на УС Опен.
Ѓорческа попладнево по голема борба забележа победа над Американката Лорен Дејвис која е рангирана на 200-тото место на ВТА листата.
Во мечот кој траеше 2 часа и 15 минути, нашата тенисерка забележа триумф со 2:1 во сетови.
Во втората рунда Ѓорческа за противничка ќе ја има 17 годишната Австралијка, Дестијне Аијава која е 152-ро рангирана на ВТА листата.