четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Големи успеси за младите каратисти на „Макпетрол“

Големи успеси за младите каратисти на „Макпетрол“

Викендов во Скопје се одржа најнапред во (саботата), државното карате првенство за сениори-ки, во поединечна и во екипна конкуренција во дисциплините борби (кумите) и кати.

Веднаш во (недела), се одржа  и Бергер турнирот односно првите шетворица од секоја тежинска категорија се натпреваруваа меќу себе за влез во репрезентацијата на Македонија која во крајот на месец Март ќе не претставува на европското првенство во Гвадалахара, Шпанија.  На првенството учествуваа 25 клубови со 82 спортисти.

Во генерален пласман првиот ден на Државното првенство прворангиран е карате клубот Макпетрол – Скопје. Нафташите успеаја да освојат вкупно 11 медали од кои 5 златни 3 сребрени и 3 бронзени одличја.

Државни прваци станаа (златни медали освоија):

1.Давид Петков -67 кг

2.Петар Спасеновски -84 кг

3.Наташа Стефановска -61 кг

4.Анѓела Мојсовска -68 кг

5.Женскиот тим во борби екипно состав:Заборска .Симона, Радичевска Сара, Стефановска.Наташа, Анѓела Мојсовска и Стефановска Моника

6.Петар Заборски -75 сребрен медал.

7.Сара Радичевска -50 кг сребрен медал

8.Симона Заборска -55 кг сребрен медал

9.Пендаровска Моника -55 кг бронзен медал

10.Моника Стефановска -68 кг Бронзен медал

  1. Мажи екипно борби тимот освои бронзен медал

Бошко Заборски, тренер на Макпетрол изјави:  Многу сме задоволни од податокот дека и оваа година во генерален пласман сме најдобри во државата во највозрасната сениорска конкуренција. Со голема претходна припрема и оваа година успеавме да имаме апсолутна доминација во екипна и во поединечна конкуренција во дисциплината борби за жени и тука не дозволивме да има никакво изненедување. На европското првенство во Гвадалахара ќе имаме 4 (четири), репрезентативки во своите тежински категории. Сара Радичевска, Симона Заборска, Наташа Стефановска и Моника Стефановска. Сите тие вториот ден (недела), кога се одржуваше Бергер турнирот, покажаа дека повеќе сакаат да влезат во националниот тим од своите конкурентки. Сите заедно покажаа најзрели борби и не дозволија да има некое колебање кога е во прашање изборот за најдобриот наш претставник. Кај мажите не успеавме да го направиме последниот исчекор така да Петар Спасеновски иако стана Државен првак, тој вториот ден во натпреварот со Берат Јакупи во категоријата -84 кг загуби со мииимален резултат1-1, предност на Јакупи и така го загуби пласманот, исто и Давид Петков во категоријата -67 кг, не успеа да ја задржи предноста која ја стекна Така да Фахик Весели ќе биде претставник во оваа категорија.

Плеј-офот за состав на карате репрезентацијата за Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија, од 28 до 31 март, донесе неколку пресврти од Државното првенство во карате за сениори кое се одржа вчера во Скопје. Во директните пресметки Берат Јакупи и Фаик Весели направија брејк победи против Петар Спасеновски и Глигор Петков во категориите до 84 и 67 килограми кај жените тоа го направија Сара Радичевска против Драгана Манговска  , Симона Заборска против Јована Георгиев и Моника Стефановска ја победи Анѓела Мојсовска.

Од првиот ден предноста ја задржаа: Емил Павлов (-60 кг), Азиз Исмаил (-75 кг) и Жарко Арсовски (+84 кг), тие не дозволија изненадувања и обезбедија место во репрезентацијата за ЕП во Шпанија со по три победи, како што тоа им тргна од рака на Јакупи и Весели.

И во женска конкуренција имаше пресврти во однос на првиот ден од Државното првенство, па така Сара Радичевска беше подобра од Драгана Манговска (-50 кг), Симона Заборска во директниот дуел славеше против Јована Георгиева (-55 кг), а Моника Стефановска (-68 кг) се надмина во однос на вчера и ги победи првата Ангела Мојсовска и втората Јована Манева.

Во кати Пуликсенија Јованоска и Ферри Исиќ обезбедија место за Шпанија.

Репрезентација за Европското првенство
Ката жени
Пуликсенија Јованоска (Фунакоши Гичин)
Кати мажи
Ферри Исиќ (Вардар)
-50 кг
Сара Радичевска (Макпетрол)
-55 кг
Симона Заборска (Макпетрол)
-61 кг
Наташа Стефановска (Макпетрол)
-68 кг
Моника Стефановска (Макпетрол)
-60 кг
Емил Павлов (Штип)
-67 кг
Фаик Весели (Олимпик спорт)
-75 кг
Азиз Исмаил (Металург)
-84 кг
Берат Јакупи (Ас и арт)
+84 кг
Жарко Арсовски (Штип)

За екипните тимови во машка и женска конкуренција во борби тренерот на државната репрезентација дополнително ќе ги соопшти составите и имињата на каратистите кои ќе настапат во екипна конкуренција.