понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Гранеруд најдобар во Германија

Гранеруд најдобар во Германија

Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд победи во Вилингем, Германија, со вкупно 273 поени, пред Јапонецот Рју Кобајаши (252,3) и уште еден Норвежанец, Данијел Андре Танде (249,2).

26-годишниот Гранеруд го забележа деветтиот триумф сезонава, инаку 22-ри во кариерата. На овој начин го заокружи фантастичниот месец и пол во Светскиот Куп.

Норвежанецот победи на Новогодишната турнеја, во претходните дванаесет натпреварувања се искачи на подиумот, со што се израмни со втората најдобра серија.

Во сезоната 2015/16, Петр Превц успеа да го стори истото. Само Финецот Јане Ахонен имаше подолга серија на подиум, во сезоната 2004/05.