понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Гранеруд победник на првата од четирите скокалници на традиционалната новогодишна турнеја

Гранеруд победник на првата од четирите скокалници на традиционалната новогодишна турнеја

Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд е победник на првиот натпревар од новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

На скоковите одржани вечерва во Оберздорф, Гранеруд до највисокото место на победничкиот подиум стигна со 312,4 бодови, односно прескокнати 142,5 метри во првата и 139 метри во втората серија.

За Гранеруд ова беше 15 победа во кариерата и втора сезонава во Светскиот куп.

Второто и трето место ги освоија полските ски-скокачи, Пјотр Жила и Давид Кубацки.

Натпреварите продолжуваат традиционално на 1 јануари во Гармиш.  (МИА)