четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Грожан дисквалификуван, прв Ф1 бод за Сироткин

Грожан дисквалификуван, прв Ф1 бод за Сироткин

Поради неусогласеност на болидот со правилата на Формула 1, пилотот на Хас Рено , Роман Грожан е дисквалификуван од пласманот на трката возена за Големата награда на Италија.

На крајот Грожан заврши на 10. место и освои еден бод, но по одлуката на надлежните му беше одземен.

Дисквалификацијата ја обжали тимот на Хас Рено, но делегатите на ФИА остана на првичната одлука.

Таквиот епилог му го донесе првиот бод од Формула 1 на рускиот возач и член на Вилијамс, Сергеј Сироткин кој од 11. се искачи на 10. позиција.

На Монца вчера победи Луис Хамилтон од Мерцедес.