петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хабиб ја објави одлуката – познато дали тој ќе се враќа во октагонот

Хабиб ја објави одлуката – познато дали тој ќе се враќа во октагонот

Еден од најголемите ММА борци досега, Хабиб Нурмагомедов, официјално објави крај на кариерата и потврди дека нема да се врати во октагонот.

После разговорот со Ден Вајт во Лас Вегас, првиот човек на УФЦ објави дека Дагестанецот го напушта спортот, а тоа го потврди и самиот Хабиб на Инстаграм.

– Благодарам, брат, како и на целиот УФЦ за шансата. Ги сменивте животите на многумина поради овој спорт – напиша Хабиб и додаде:
„Никогаш нема да го заборавам вашиот однос со мене, татко ми не го заборави тоа и моите синови ќе ве паметат. Денес имавме разговор како вистински мажи. Благодарност до целиот мој тим, спаринг партнери и навивачи. Се надевам дека ќе ја прифатите мојата одлука и ќе ја разберете – рече Нурмагомедов.

Првиот човек на УФЦ му се заблагодари на Хабиб за сè и потврди дека една од најголемите ММА кариери е завршена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dana White (@danawhite)