четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Халеп: Федерер е генијалец, мислам дека ќе игра уште малку

Халеп: Федерер е генијалец, мислам дека ќе игра уште малку

Поранешниот прв рекет во женскиот тенис, Симона Халеп ја коментираше играта на големата тројка во машкиот тенис – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

– Ѓоковиќ е пример за сите. Тој знае како да остане на теренот и да не се предава, дури и кога нешто го боли. Треба да цените дека тој сè уште има толку силна мотивација.

Федерер секогаш ми се допаѓаше многу, го сметам за генијалец. Мислам дека ќе игра уште малку. Очигледно тој сака тенис. Не знам колку долго тој физички ќе преживее по толку години на терените. Но, ако рече дека ќе игра на Вимблдон и на Олимписките игри, ќе го стори тоа. Немаше многу повреди, бидејќи тенисот му е лесен. Надал вложува многу повеќе напори, па затоа има поголеми повреди, истакна Халеп.

Федерер најави враќање на терените кога ќе започне сезоната на трева. Тој претходната година направи пауза поради операција на коленото, а овој месец настапи на турнирот во Доха, но стигна само до четвртфиналето, по што најави пауза уште некое време.