четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Халеп се откажа од настапите на турнирот во Мајами

Халеп се откажа од настапите на турнирот во Мајами

Романската тенисерка Симона Халеп се повлече од турнирот во Мајами поради повреда на десното рамо.

На последниот натпревар, токму поради овие проблеми, таа повика лекар на теренот.

Анастасија Севастова се пласираше во 1/8-финалето без борба, а таму ќе се сретне со Ана Коњјух која денеска ја совлада Свјатек од Полска.

Исто така, Халеп нема да може да продолжи ниту со настапите во двојки, каде игра заедно со Анжелик Кербер.