петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хамилтон и Леклер се дисквалификувани

Хамилтон и Леклер се дисквалификувани

Возачите на Мерцедес и Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер се дисквалификувани по трката за Големата награда на САД одржана синоќа, објавено е на веб-страницата на Формула 1.

Болидите на Хамилтон и Леклер не успеаја да поминат технички прегледи по финишот. Таканаречените лизгачки даски под дното на автомобилите не ги почитувале прописите.

Ферари и Мерцедес го објаснија прекршувањето на правилата поради нерамна патека.

Во согласност со одлуката на судиите, Хамилтон го загуби второто место на крајот на трката, Леклер – шестото. По оваа одлука Ландо Норис се искачи на втората позиција, Карлос Сајнц стана третопласиран.

Победник на трката во Остин беше Макс Верстапен од Ред Бул.  (МИА)