четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хокеарките на Канада подобри од САД во натпреварот за златниот медал

Хокеарките на Канада подобри од САД во натпреварот за златниот медал

Женската репрезентација на Канада го освои златниот медал на хокеарскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг.

Канаѓанките рано утрово ги совладаа своите ривалки од САД со 3:2 (2:0; 1:1; 0:1). Двоен стрелец за победничката репрезентација беше Мари-Филип Пулен, еднаш погоди Сара Нерс.

За Американките реализираа Хилари Најт и Аманда Кесел.

За Канада ова е петти златен медал на Олимпијадите. Претходно хокеарките на оваа земја победуваа на ЗОИ во 2002, 2006, 2010 и 2014 година.

САД не успеаја да го одбранaт златото освоено на претходната Олимпијада, во Пјонгчанг 2018 година.