Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија Ивандер Холифилд го предизвика Мајк Тајсон на дуел.
Претходно, 54-годишниот Тајсон имаше егзибициска борба со уште еден боксерски ветеран, 51-годишниот Рој Џонс. Борбата заврши нерешено.
– Се прашував зошто Тајсон одбива да се бори со мене, но не добив ништо освен изговори. Сега разбирам зошто тој сакаше да има меч со друг, пред да размисли за борба со мене. Рој Џонс беше добар противник за Мајк, но борбата со мене ќе биде голема работа. Единствената борба што некој сака да ја види е борба меѓу нас, истакна Холифилд.
Нема апсолутно никаква причина зошто да не го правиме ова. Нема повеќе изговори. Во саботата навечер, рече дека си подготвен да се бориш со мене, затоа потпиши го договорот и влези во рингот, Тајсон. Светот чека, и сега сè зависи од тебе, му порача Холифилд на Мајк.
Тие двајцата се сретнаа двапати во рингот. Во 1996 година, Холифилд победи, а на крајот од следната борба, Тајсон беше дисквалификуван затоа што го гризна противникот за уво.