Европскиот првак во фрлање ѓуле, Хрватот Филип Михаљевиќ, го доби назад својот златен медал од Европското првенство во Минхен, кој го пријави за изгубен по враќањето дома од Германија, јавија денеска хрватските медиуми.
Полицијата на аеродромот во Минхен соопшти дека вработен во германскиот авиопревозник Луфтханза го пронашол медалот кој му е вратен на Михаљевиќ.
Михаљевиќ стана првиот во историја хрватски атлетичар во машка конкуренција, кој освоил златен медал на Европско првенство.
До златното одличје Михаљевиќ дојде со должина од 21.88 метри.