Репрезентацијата на Хрватска го освои златниот медал во Купот на Европа во ватерполо.
„Коцкестите“ синоќа во Риека во финалето ја победија Шпанија со 12:9 за голема радост на домашните навивачи.
Најзаслужен за триумфот на Хрватска е Лорен Фатовиќ кој постигна шест од 12-те погодоци. Во шпанската репрезентација Мунариз со три гола беше најефикасниот играч.
Бронзениот медал го освои Италија по победата над Србија со 10:9 во мечот за третото место.
Од петтата до осмата позиција се најдоа: Црна Гора, Унгарија, Грција и Франција.