недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хуан Мартин Дел Потро ќе настапи на Олимписките игри во Токио

Хуан Мартин Дел Потро ќе настапи на Олимписките игри во Токио

Хуан Мартин Дел Потро поради проблеми со коленото и три оперативни зафати направи долга пауза од тениските терени.

Последен пат Аргентинецот се појави на турнирот во Квинс 2019 година.32-годишникот не е подготвен да стави крај на кариерата и планира да се врати на Олимписките игри во Токио.

„Мислам дека ова е моја година. Олимписките игри ме влечат да се вратам, тоа е мотивацијата што ја имам. Коленото ми предизвикува многу главоболки, сè уште не можам да ја затворам својата приказна. Се чувствувам како да имам повеќе да дадам и затоа ќе продолжам да се обидувам.Понекогаш се сомневам, а друг пат е тешко да го замислам кам-бекот, но чувствувам дека има нешто во мене и затоа продолжувам да се борам“, вели аргентинскиот тенисер.