понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хуркач го крена трофејот од Марсеј

Хуркач го крена трофејот од Марсеј

Првиот носител Хуберт Хуркач ја освои својата прва титула во 2023 и шеста во кариерата, откаако спаси три сет-топки во вториот се за со 6:3/7:6(4) да го совлада домашниот фаворит Бенжамин Бонзи во финалето на Опен 13 Прованс во Марсеј, Франција.

Светскиот рекет број 11 имаше 19 аса и спаси три сете-топки во вториот сет за да го спречи Бонзи да стигне до својата прва АТП титула, откако оваа година загуби и во Пуне, Индија.

„Секако дека сум презадоволен од мојата игра и од начинот на кој останав во игра во вториот сет. Мислам дека можам да бидам само подобар“, вели Хуркач.