четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Иако загуби, Мек Грегор заработи пет пати повеќе од неговиот противник

Иако загуби, Мек Грегор заработи пет пати повеќе од неговиот противник

Третиот дел од трилогијата помеѓу Конор Мек Грегор и Дастин Поарие траеше само една рунда. Судијата ја прекина борбата поради тешката повреда на скочниот зглоб на Ирецот и му ја додели победата на Поарие.

Мек Грегор беше видно фрустриран од она што се случи, па ги навреди Поарие и неговата сопруга, а претседателот на УФЦ, Дан Вајт, навести дека може да се одржи четврта борба меѓу двајцата борци. Сепак, Конор уште еднаш се истакна во полето каде што е убедливо најуспешниот ММА атлетичар во историјата.

Тој собрал дури пет милиони долари за борба против Поарие. Од друга страна, победата му донесе на Поарие „само“ милион долари. Покрај тоа, кога ќе се соберат сите приходи и бонуси на преостанатите борци на настанот, вкупната заработка е околу три милиони долари. Ова значи дека само Конор заработи два милиони повеќе од другите 23 борци.