петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ига Швјонтек испиша историја на Ролан Гарос

Ига Швјонтек испиша историја на Ролан Гарос

Ига Швјонтек со солзи во очите ја дочека третата освоена титула на Ролан Гарос, но за време на церемонијата, тенисерката од Полска доживеа и мала незгода со трофејот.

Швјонтек покажа дека е вистинска „кралица“ на земјена подлога и го освои третиот трофеј на Френч Опен, но со оглед на титулата која ја има и на Ју-Ес Опен, најдобрата светска тенисерка стана првата по Серена Вилијамс која стигнала до четири грен-слем титули на само 22 години.

Ига денеска мораше да се изнамачи против Мухова и го доби трилерот во одлучувачкиот трети сет, а откако и се заблагодари на публиката во Париз, имаше неуспешен обид да го покаже пехарот.

Трофејот кој се дава на дамите се раздвои на два дела и Швјонтек мораше накратко да ја прекине прославата, по што ја продолжи истата без горниот дел од пехарот.

Со оваа победа, Швјонтек ја одбрани титуалта која ја освои минатата година, а го зацементира и првото место на ВТА листата.