вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Интензивни подготовки на младинските репрезентации во пинг понг

Интензивни подготовки на младинските репрезентации во пинг понг

Во пресрет на натпреварувањата кои следуваат во иднина пинг понгарската федерација ги интензивира подготовките на репрезентативците во сите младински категории.

Државните прваци во категорија на млади кадети, Љупчо Треновски и Фани Јовановски заедно со тренерот Мартин Стаменковски учествуваат на тренинг камп во Подгорица, Црна Гора на кој учествуваат 50 играчи од 20 држави и 34 тренери. Кампот во Подгорица е под покровителство на ЕТТУ и е наменет исклучиво за млади таленти.
Останатите играчи, членови на репрезентацијата се наоѓаат во Струмица каде во организација на ППФМ се одржува тренинг камп во кој се вклучени селекторот на државните репрезентации, тренерите на младинските категории и спаринг партнери од Македонија и странство.

Со овие подготвителни тренинг кампови продолжува планот на пинг понгарска федерација онаму каде што застана реализацијата на програмата за подигање на квалитетот на македонскиот пинг понг во младинските категории, со цел репрезентативците достојно да ги бранат боите на државниот дрес на меѓународните натпреварувања кои следуваат.