Спортските настани секогаш се одлична можност за претставување на својата држава. Но, ако Европско првенство се одржува во твојата земја, тогаш тоа е посебно – чувство на гордост, мотив да се биде таму, да се биде дел.
За првпат во историјата на независна Македонија, во Скопје ќе се одржи Европско првенство во машка одбојка. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 30- ти август до 6-ти септември ќе биде дом на македонската сениорска одбојкарска репрезентација која очекува силна поддршка од трибините.
Македонија ќе им посака добредојде на репрезентациите на Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка, но и на многубројните странски навивачи кои ќе имаат можност да се запознаат и да слушнат за нашата култура, традиција, историја, страст и желба за победа.