петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Италија ја освои бронзата на СП за одбојкарки

Италија ја освои бронзата на СП за одбојкарки

Женската одбојкарска репрезентација на Италија го освоија бронзениот медал на Светското првенство во Холандија и Полска. Тие во мечот за третото место ги совладаа Соединетите Американски Држави во три сета. Резултатот по сетови беше 25:20, 25:15 и 27:25.

Италијанките не им дозволија на ривалките сериозно да им се заканат во првите два сета, а само во третиот сет Американците покажаа заби, но тоа не беше доволно за да внесат неизвесност во „малото финале“.

Најдобра во победничкиот тим уште еднаш беше Паола Егону со 25 поени, додека кај Американките со 10 поени се истакна Андреа Друс.